Вчера во 15:55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки.
И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.