На 07.05.2021 година во 22.30 часот, на булеварот „Јане Сандански” во Охрид, Г.М.(40) од струшкото село Радолишта го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.05.2021 година во 07.30 часот, во СВР Охрид e пријавен е пожар во стан на улицата „Абас Емин” во Охрид, сопственост на Б.Н.(47) од Охрид. Пожарот, во кој нема повредени лица, бил целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 07.05.2021 година во 18.00 часот во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Т. врз О.Ч.(19), двајцата од истото село. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава.