Како што соопшти полицијата во сабота во 16 часот и 24 минути во Одделението за внатрешни работи Струга е пријавено, дека во казино во Струга на 45 годишен човек од струшкото село Радолишта му се слошило и паднал.

Тој бил пренесен во Општата болница во Струга каде починал. По наредба на јавен обвинител врз починатиот ќе биде извршена обдукција.