Времето денеска изутрина ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје утрово ќе биде студено со услови за слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и јужните делови.