Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари, информираат денеска од Министерството за образование и наука.

Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.

-Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса [email protected], појаснуваат од МОН.

Потсетуваат дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада апликации.