Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во вечерашното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, со одговор на критиките на опозицијата за наводната лоша реализација на проектите од овој ресор:
“Ако ВМРО-ДПМНЕ се залагаа дури беа на власт како што ние се залагаме во последните 2,5 години, јас ви гарантирам дека во ова држава немаше да остане ниту едно неасфалтирано патче. Меѓутоа, тие градежништвото го базираа на сосема други работи поврзани со споменици, врби и бродови, кои за жал се водат како капитални инвестиции. Досега имаме 12,5% реализација што е подобро од лани, а минатата година Министерството за транспорт и врски имаше вкупно 86% реализација на капиталните инвестиции. Зборуваме исклучиво за работа на железница, канализации, водоводи, гасификација и плус Јавното претпријатие за државни патишта имеше 85% реализација. Годинава досега имаме 12,5%, а да ги додадеме и оние 4 милијарди денари кои Јавното претпријатие за државни патишта ги има исплатено овој период, процентот оди над 21%. ВМРО-ДПМНЕ никаде не ги спомнуваат овие 4 милијарди, иако знаат дека тие се сметаат за сериозни капитални инвестиции” – истакна Сугарески.