Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во “Отворено студио” на 24 ТВ потврди дека активностите во ресорот транспорт и врски генерално се одвиваат непречено и покрај условите кои ги диктира корона-кризата во целиот свет, па и во нашата држава.

“Во ресорот транспорт и врски има само еден или два проекти со одреден застој, односно одрредена забавена динамика на активностите. Буквално сите други проекти кои спаѓаат под Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта апсолутно течат непречено. Динамиката на прогресот на активности извонредно тече и според начинот на времените ситуации кои ги добиваме, а некаде и завршни ситуации коишто ги добиваме, апсолутно се исплаќаат тие ситуации и навремено оди реализацијата на средствата на тие коишто го работат тоа. Во моментов, не гледам никаков проблем.

Одредено забавување има на пругата Куманово-Бељаковце кое очекувам од мај месец да се нормализира во целост, не е целосен застој туку има забавена динамика, а останатите проекти кои се во огромен број течат со одлична динамика” – потврди Сугарески.