На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше брачен пар, чие што било возилото ,,рено кангу”, но го отстапиле на партијата Десна, пренесе Фокус.

Тоа возило немаше кој да го оддржува. Две -три години го возеше член на Десна, но замина во странство. Кога требаше да го селат штабот, го понудив возилото да го користат од партијата за селењето. Ми беше подобро некој да го вози, затоа го отстапив, го дадов возилото на располагање, без никаков услов. Им го дадов во септември 2023 година, зошто заминав за Исланд, сведочеше Ѓорѓи Џолев, кој што рече дека е пријател на Љупчо Палевски и бил претседател на Централениот комитет на Десна.Тој раскажа дека Палевски имал чуден однос со двајцата обвинети, Влатко Кешишов и Велибор Манев.

-Ми беше чуден нивниот однос, беше поданички. На пример, кога ќе им беше зборувано со повисок тон, тие не враќаа, не влегуваа во расправи со Палчо, сведочеше сведокот.

Тој, на прашање на обвинителката, истакна дека видел пиштол во штабот, во собата во која спиел Палчо.