Сведокот Ресмије Беслимова, во судскиот процес Титаник 3, во видеоврска преку скајп од суд во Германија, сведочеше дека обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури влегле во канцеларијата на општина Чаир каде се носеле записниците, пренес Фронтлајн.

„Неколку пати влегоа и ме прашаа дали може да се напрви далавера”, рече Беслимова. Таа тврдеше дека Алими зел дел од записниците кои ги скрил под палтото, а таа не реагирала бидејќи била многу исплашена.

„По некое време Гури и Алими ги вратиле записниците”, рече сведокот. И по враќањето на записниците таа не рекла ништо затоа што била многу уплашена.