Таксист бил нападнат од патници кои одбиле да платат.

„Дваесет и осумгодишниот тетовец Т.Д., вчеравечер (4 јануари) во 23 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа во тетовско Желино бил физички нападнат од две лица, кои со такси возило ги превезол од Тетово до Желино, а кои подоцна одбиле да платат за извршената услуга“, велат од СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот.