Пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Анализа„ на телевизија 24 нагласи дека на повидок е изборна измама којашто ВМРО-ДПМНЕ ја направи спрема граѓаните.

Суштината е како помина вчерашниот ден на констутивната седница, една несериозна непринципиелност и на повидок една изборна измама која ја прави ВМРО-ДПМНЕ према граѓаните. Со оглед на тоа дека тие им кажуваа на граѓаните дека носителите на високите позиции, меѓу кои и претседателот на Собранието ќе бидат од македонска националност. Ги излажа дека ќе го променат Преспанскиот договор, па сега вечерва пред целиот македонски аудиториум од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да биде кажано дека не само дека тоа е нова реалност, туку дека Република Северна Македонија ќе им биде во целокупнато институционално претставување на функционерите. Тоа е лицемерието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одеше и викаше „Никогаш Северна”, а сега се случува токму спротивното, нагласи Талески, додавајќи дека ДПМНЕ го промени ставот со кој излезе пред граѓаните, тоа е лицемерието, тоа е изборната лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со положувањето заклетва од страна на Гаши, Талевски истакна дека не смее да се дозволи Уставот да се прекршува.

-Реагиравме од СДСМ и нашата потпретседателка излезе со конкретна претставка со тоа дека беше прекршен Уставот на државата, затоа што официјален јазик во Република Северна Македонија е македонскиот јазик. Значи заклетвата на сите избрани функционери, без разлика кој од која политичка партија доаѓа, и дали е од една или друга националност, има обврска заклетвата да ја прочита на македонски јазик. Тоа вчера не се случи, посочи пратеникот од СДСМ, Миле Талески.

Талески истакна дека ВМРО-ДПМНЕ сега е во коалиција со истите што ги навредуваа и запраша дали има политичка корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ на Таравари.

„Видовме дека тие немаат никаков принципиелен став, а знаеме што зборуваше ВМРО-ДПМНЕ, кога Таравари влезе во влада со СДСМ, нивниот потпретседател Николовски, го обвинуваше за политичка корупција истиот човек кој сега е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега има политичка корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ на Таравари?” нагласи Талески, во емисијата „Анализа„ на телевизија 24.