Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата.
Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта. Овој Закон е поднесен до Собранието уште во декември со изгласана потребата од негово носење. ДПМНЕ на овој начин ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава во целост, порача денеска на прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка од СДСМ.

ДПМНЕ бојкотираат грант во висина од 14 милиони евра обезбедени со овој пакет од Светска Банка, средства кои треба да се искористат за довршување на патот.

Изградбата на патот во предвидените рокови е од исклучителна важност за развој на регионот, развој на транспортот и поврзувањата кон Европа и светот и ја претставува главната артерија на извозот на домашното производство.

ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.

Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на економијата и државата.

Законот навремено е доставен во собранието, но истиот свесно и испланирано не се наоѓа на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет.

Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.

Јавно го повикувамe Претседателот на комисијата за финансирање и буџет во рамки на Собранието ургентно, уште денес да ја свика комисијата и да го разгледа предлог законот за истиот што поскоро да биде изгласан од страна на пратениците во Парламентот во интерес на граѓаните и државата, рече таа.