Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска при реплика во рамките на собраниската седница посветена на предлог-буџетот за 2023 година истакна дека во време на кризна година СДСМ обезбеди раст на платите за илјадници граѓани.

Оваа е таа кризна година, во која направивиме раст на платите. Вкупно 37.000 лица од образованието добија раст на платите за 15 проценти, 12.000 вработени во МВР, раст на платите од 5 проценти, 3.500 вработени во културата раст на платите од 30 проценти, 2600 вработени во судството раст на платите 15 проценти, 20.000 вработени во здравството, раст на платите од 5 проценти и претходно 25 отсто во време на ковид кризата, 4.000 од високо образование 7 проценти, а претходно уште 8 проценти, истакна Тасевска.

Пратеничката Тасевска направи куса илустративна хронологија на цени и плати.

Највисоката цена на нафтените деривати во измината деценија била во 2012 година, кога цената цената не бензинот евросупер 98 била 88,50, а на евросупер 95 денар и пол помалку. Минималната плата во 2012 година била 8.080 денари, а во 2022 година е 18.000 денари, нагласи Тасевска додавајќи дека тогашаната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не преземала никакви мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните.

Тасевска во однос на синдикалната кошничка, истакна дека таа во 2012 година се полнела 4 минимлани плати, а во 2022 година синдикалната кошничка се полни со 2,8 минимални плати.

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска, посочи дека во буџетот за 2023 година се обезбедени 90 милиони евра за НАТО интеграција и стандарди, 25 милиони евра за сткови резерви, 20 милиони за рурален развој, 12 милиони евра за третман и управување со отпадни води, 11 милиони евра за рамномерен регионален развој, 4 милиони евра за реконструкција на основни училишта, 3,5 милиони евра за гасификација, 3 милиони евра за казнено поправните домови, 2,5 милиони евра за изградба на социјални станови, 2,5 милиони евра за спортски сали, 2,3 милиони евра за студентски домови, 2 милиони евра за хидросистемот Злетовица.