Денеска (12.10.2021) се реализираше официјална работна посета на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи од страна на директорот на австриската Сојузна истражна служба м-р Андреас Холцер, при што се одржа и официјална средба со директорот на БЈБ, м-р Сашо Тасевски. На средбата се разговараше за меѓусебната полициска соработка во борбата против тероризмот, кибер криминалот, илегалната миграција и трговијата со дрога и потенцијалите за нејзино подобрување.

Во рамки на посетата беше спроведена и оперативно-тактичка вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро, за чие спроведување беа ангажирани Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР. На вежбата низ неколку различни точки се демонстрираа нивните вештини, тактичко-технички способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно дејствување.