14-годишник управувал со возилото „пежо“ со скопски регистарски таблички кое учествуваше во сообраќајната несреќа која се случи вчера вечер во 01.20 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во село Арнакија. 14-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, како и неговите двајца врсници кои му биле сопатници во возилото.

„Пежото“ се судрило со возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки. Со „реното“ управувал 19-годишник од Скопје со иницијали А.С. Според полицијата тој избегал од местото на несреќата.

Од МВР додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител и бил извршен увид на местото на настанот.