Неколку лица во Чаир испукале неколку истрели во воздух а потоа претепале едно 36-годишно лице извести полицијата.

Имено вчера околу 21.45 часот во СВР Скопје, Џ.Љ.(63) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир неколку лица, кои биле со возило, испукале неколку истрели во воздух од огнено оружје, по што физички го нападнале М.Д.(36).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.