Завчера ноќта во 00.48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.