Во атар на општина Чашка, на место викано „Крштевица“, вчера, околу 7:45 часот, 70 годишниот М.О. од Велес, додека извршувал земјоделски работи во нива со трактор, се превртел и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Велес, информира портпаролот Верољуб Додевски.

– Вчера, утрото околу 9 часот на одделот за Хирургија во велешката Општа болница од страна на Итна медицинска помош донесен е пациент на 70 годишна возраст повреден во сообраќајна несреќа. Пациентот се здобил со нагмечотини по целото тело и сериска фрактура на ребра, поради сериозноста на повредите препратен е на ТОАРИЛУЦ -Скопје за доиследување и лекување, информира портпаролот на велешката Општа болница д-р Елеонора Јованова.