Вчера во 15.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека во кругот на РЕК „Осломеј“, Д.Д.(55) од Кавадарци, вработен како возач во приватна фирма од Кавадарци, паднал од товарно возило и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево и трудов инспектор.