Денеска (25.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за Средно Водно, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(22) од Скопје, излетало надвор од коловозот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.