Вчеравечер, во 22.45 часот, било пријавено дека на улицата Вардарска, односно на мостот кај градскиот базен, автомобил „хјундаи гец“, со велешки регистарски ознаки, управувано од К. Ќ. (53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот К. Ќ., констатирани во Општата болница во Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Велес.