Малолетно девојче пешак е тешко повредено во сообраќајна незгода вчера во Тетово. Таа се движела пеш по улицата „Железничка”, а во неа удрил возач на ауди.
-Околу 12:45 часот, на улицата „Железничка” во Тетово, патничко моторно возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот С.И. од тетовска Голема Речица, удрило во малолетен пешак и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.