35-годишен жител на Тетово доби кривична пријава за семејно насилство, откако при караница со сопругата во автомобил, намерно ја зголемил брзината додека таа се обидувала да излезе од колата, при што паднала на асфалтот и се повредила, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.М.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 22.10.2024 додека го управувал своето патничко возило, пријавениот започнал расправија со својата сопруга, по што таа се обидела да излезе од возилото, но тој ја зголемил брзината и таа паднала на асфалтот и се здобила со повреди“, пишува во полицискиот билтен.