На 02.03.2020 во 23.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(18) од Радовиш, кој бил затекнат при вршење на кривично дело „одземање моторно возило“.
Е.Б. бил задржан во Полициска станица Радовиш, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш.