Момче на возраст од 19 години од с. Крушопек, Скопско, било приведено од полициски службеници поради силување на малолетничка.

– На 21.03.2023 во 18.45 часот во с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода М.И.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што извршил обљуба врз малолетничка од тетовско село, информира МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.