Земјотрес со јачина од 3,1 степен по Рихтер утрово околу 3 часот е регистриран во Грција во близина на границата со Северна Македонија.

Еден час подоцна регистриран е уште еден земјотрес од 2,8 степена по Рихтер на истата локација и со ист епицентар во близина на Лерин. Земјотресите со послаб интензитет се почувствуван и во Македонија. Епицентарот на земјотерсот е на грчко-македонската граница, на длабочина од 2 километри, според информациите од ЕМСЦ.