Како што и претходно кажавме и најавивме, пред нас е топол и релативно стабилен и сув викенд, иако локално можни се сосема слаби врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, во централните и југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу или близу 20 степени, прогнозира Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер.

Сепак овој викенд ќе засилува јужниот ветер, што ќе биде најава за нова голема промена на времето од понеделник.