Три лица загинаа, а пет се префрлени во болница откако се преврте комбе кај тунелот на автопатот Скопје-Велес.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера попладне во 17.45 часот. Констатирана е смрт кај три лица, а петмина се пренесени во болница за укажување помош.

Сообраќајот доцна синоќа беше во прекин во двете насоки.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид. На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините.
Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.