29 годишно момче од Прилеп загина во тешка сообраќајна несреќа која вчера доцна попладнето се случила кај Плетвар на патниот правец Прилеп – Градско во близина на селото Ореовец.
Според се уште неофицијалните информации, до несреќата дошло кога во се уште неутврдени околности се судриле автомобил регистриран во Прилеп и товарно возило цистерна. Момчето починало од здобиените повреди во сообраќајката. Поради увидот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско кратко беше во целосен прекин а по неколку часа полицијата отвори една коловозна лента.
Надлежните се уште работат на целосно утврдување на причините за несреќата