Министерството за здравство на Узбекистан соопшти дека најмалку 18 деца починале откако конзумирале медицински сируп произведен од индиска фармацевтска компанија.

Во соопштението на узбекистанското министерство се наведува дека 18 од 21 дете кои биле лекувани од респираторни заболувања со индискиот сируп Док-1 Макс починале по терапијата, пренесува Ројтерс.

Сирупот се продавал преку веб-страница како медицински производ за третман на симптоми на настинка и грип.

Според министерството, сирупот содржел етилен гликол, кој е прогласен за токсична супстанција.