Се грижиме за сите! Тоа се нашите принципи и вредности! Продолжуваме! Сега е време за подобро и повеќе, порача коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата изборна единица Јована Тренчевска на промоцијата на Програмата за европска иднина.

Тренчевска, во своето обраќање се осврна на мерките од Програмата на СДСМ предвидени за пензионерите.

Продолжуваме да се грижиме за тие што се грижеа за нас. За нашите сограѓани пензионери. Се обврзуваме за минимална пензија од 20.000 денари, просечната пензија од 30 000 денари, усогласување на пензиите секој Јануари и Јуни, нагласи Тренчевска и најави воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари, картичка за пензионерите со попуст од 30% на прехранбени производи и изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица!

Тренчевска истакна дека СДСМ продолжува со грижата за нашето најголемо богатство-децата.

Продолжуваме со отворање на нови градинки и се обврзуваме да го зголемиме опфатот на децата во градинки до 70%, инклузивно игралиште и сензорна соба во секоја градинка, во секоја општина, бесплатни логопетски и дефектолошки третман за секое дете, нагласи Тренчевска.

Таа најави и зголемување на сите права од социјална и детска заштита за 30%, достапноста на услугата Помош и нега во домот во секоја општина, како и 375 социјални станови за подобар животен стандард за 375 семејства.

Младите беа и останаа наш најголем мотив! Затоа што младите се нашата иднина! Нивната економска независност е наша гаранција и стабилност, порача Трнчевска при презентација на мерките за младите.

Тренчевска меѓудругото најави покачување на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари месечно, зголемување на опфатот на Гаранција за млади за 50%, како и Софтвер за активација на млади по примерот на Словенија.

Се обврзуваме да продолжиме да градиме еднакво и праведно општество! Општество на еднакви можности за секој! Едно општество за сите, порача коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата изборна единица Јована Тренчевска.