Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одговори на нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои обвинија дека Трендафилов соработува со СДСМ, и затоа се барањата за повисоки плати.
„Очекувавме Владата да има разбирање за покачување на платите, а наместо тоа добивме ниски удари. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координираат со опозициски партии, е смешно и трагично“, рече Трендафилов.
Тој најави дека ќе има големи протести на 2-ри ли на 7-ми април ако не се дојде до договор.
Трендафилов најави дека не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, Левица и ДУИ.
„Не сум јас нивен, ниту на СДСМ, ДУИ, јас сум на работниците, се додека не стане некој друг. Не сум избран од потрчковци“, кажа Трендафилов.