МакедонијаТри девојки синоќа барале помош поради диви свињи на ВодноОбјавено пред 21 минута – 26 јули, 2024Од Е. Т. / Макфакс

Три девојки, кои синоќа по 23 часот се симнувале од врвот на Водно кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи.

На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу исплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило.

За кусо време, полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и девојките биле вратени на безбедно.