Три лица со повреди се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ поради сообраќајна несреќа што се случи денес на подрачјето на Момин Поток.
Во несреќата учествувале „мерцедес“ и такси-возило – двете со скопски регистерски ознаки.
Сообраќајната несреќа, според информациите од полицијата, се случила во 9.15 часот.