Тетовецот кој вчера беше приведен како осомничен за полов напад врз дете, денеска доби притвор од 30 денови од страна на судија во претходна постапка, информира тетовската полиција.

СВР Тетово денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 61 годишно лице од Тетово поради основи на сомнение дека сторил кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 од Кривичен законик.

-Судија во претходна постапка на Основен суд во Тетово му определил мерка притвор од 30 денови и ќе биде спроведен за издржување во Казнено-поправна установа Затвор Скопје. С.М (61) се сомничи дека на 24 февруари помеѓу 19 и 20 часот на улицата Страшо Пинџур во Тетово во неговото возило внел малолетно девојче, а потоа на друга локација извршил обљуба над детето, соопшти денес СВР Тетово.