СВР Битола поднесе известување против двајца малолетници од Прилеп и еден малолетник од општина Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво’’.

На 31 јануари во Прилеп, пријавените физички нападнале друг малолетник и со закана со пиштол му одзеле личен накит.