Освен што ништо не работи во првите месеци од мандатот, општинската администрација во Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ е легло на непотизам, рече денеска Сузана Трпковска, советничка во Советот на Општина Гази Баба.

Мартин Десподовски е советник во Советот на општината, а неговата сопруга, Габриела Десподовска работи во одделението за човечки ресурси во општината.

Секретар на општината е Невенка Стаменковска Стојковска, а нејзиниот сопруг Дарко Стојковски е вработен во секторот за инспекциски работи.

Александар Каровски е советник и претседател на комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животна средина, а неговата сопруга Тина Каровска е раководител на одделение за градежно земјиште во сектор урбанизам.

Ова почитувани, е пример за непотизам, пример за груба партизација на Општина Гази Баба која треба да им служи на сите граѓани.

Ова само покажува дека и на локално и на централно ниво во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

Партијата предводена од Христијан Мицкоски е симбол за непотизам и партизација на општините.
Општина Гази Баба предводена од Бобан Стефковски е легло на непотизам и не работи за граѓаните, туку за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, порача таа пред медиумите.