Пејачката Сузана Турунџиева во телефонска изјава за ТВ 24 потврди дека рано утринава нејзиниот автомобил бил сериозно оштетен откако го зафатил пожар.
Таа рече дека покрај нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка, пејачката Ребека Јанковска – Ристески.
Се уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат, од кого, и кои се мотивите, а Турунџиева нагласува дека таа нема долгови кон никого.
Надлежните велат дека во пожарот кој пожарникарите го локализирале еден час нема повредени.