На 05.05.2022 во 17.20 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода И.А.(34) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и кои ќе бидат вратени на сопствениците. И.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.