На 06/07.02.2025 во периодот од 23.20 до 00.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државен пазарен инспекторат – Тетово, извршиле контрола во угостителски објект на улица ,,Илинденска“ во Тетово со цел пронаоѓање и откривање на лица инволвирани во извршување на кривични дела. За време на контролата од слобода биле лишени Ф.Н.(34) од с.Рогле, тетовско, В.Н.(44) од Крива Паланка и М.Д.Т.(32) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.