На 13.07.2020 во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј на реката Вардар во населба Аеродром го лишиле од слобода И.С.С.(43) од Крива Паланка, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, стои во денешниот полициски билтен.
По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.