Синоќа околу 22.30 часот во населба „Ајдучка чешма” во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.

При преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација.

Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.