Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати на осум лица, кои ги внела во списокот на вакцинирани врз основа на што ваделе потврди.

Засега не е познато колку наплаќала за услугата, но со неа е приведен и нејзиниот 22 годишен пријател, кој бил посредник во комуникацијата со лицата кои сакале невакцинирани да добијат сертификати.

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсената медицинска сестра ги искористила своите овластувања и за осум лица во октомври внела неточни податоци во системот дека се вакцинирани со една или две дози вакцина, а истите ги користеле за патување во странство, или за влез во државни институции.