Вчера, во 10.30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 43-годишната Ц. Л. од Велес поради сомнение за сторено кривично дело кражба. Според пријавеното, од домот на 62-годишниот С. Д. од Велес, со кој претходно била во врска, одзела пари, извести МВР.

Таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.