Завчера вечер во 19.10 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(38), В.М.(42), двајцата од село Лешани, општина Дебрца, и М.И.(26) и Д.Н.(33), двајцата од Охрид, затоа што оштетиле дел од инвентарот во објектот, а при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило, извести МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.