На 02.02.2023 во 16.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Е.(28) од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола се однесувал агресивно и попречувал полициски службеник во вршење на службени дејствија. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.