МВР соопшти дека е уапсено лицето кое утрово качен на автомобил кај Градската болница во центарот на Скопје се однесуваше непристојно, пцуеше и навредуваше.
-Во врска со видео материјалот кој денеска се споделува по социјалните мрежи, на кој се гледа лице кое го нарушува јавниот ред и мир и непристојно се однесува, МВР ја известува јавноста дека лицето Х.Ј. е приведено и дека против него ќе биде поднесен поднесок по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци, велат од МВР
Инаку видеото се појави утрово на социјалните мрежи, а човекот кој се гледаше на него и кој упатуваше пцовки кон видни фукционери најверојатно бил во алкохолизирана состојба.