Во стан во белградската населба Бежанијска Коса се пронајдени телата на сестрите Ј.Ѓ.(76) и Г.Ѓ.(78), јавуваат српските медиуми.

Во станот биле пронајдени и траги од крв, а врз главата на една од убиените имало перница.

Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата кажале дека се шокирани и згрозени од глетката во станот.

Нивната сосетка Јелица Глигоријевиќ, која ги алармирала надлежните откако сосетките не се јавувале вели дека најверојатно се работи за двојно убиство.
Таа последен пат ја видела Ј.Ѓ. на 6 или 7 јануари, кога ѝ донела пита.

– Не се слушнавме два или три дена, а потоа таа не ми одговараше кога и се јавувбав. Тогаш сфатив дека сите телефони се глуви – вели таа.

Таа додава дека потоа ја алармирала управата на зградата и дека се поставило прашањето дали сестрите отпатувале некаде.

– Една недела разговаравме само за тоа. Дали отпатувала, да се јавиме. Тогаш полицијата соопшти дека немаат право да упаднат, освен во присуство на двајца сведоци. И никој не сакаше, реков „Па, дообро ќе платиме нова брава“ – вели Јелица Глигоријевиќ.

Соседката истакнува дека имала лоши претчувства, а полицијата била згрозена од глетката што ја затекнала во станот.

-Претпоставувам дека беше депресивна, мислев дека ја убила сестра си, а потоа и себеси. Се сомневав во тоа, но полицајците велат дека е двојно убиство, рече таа.

J. Ѓ. Во станот живеела околу 30 години, додека нејзината сестра се вселила кај неа пред пет години.