Голема несреќа на првиот училишен ден во Прилеп, каде ученик падна од трет кат во втората смена, за време на одморот.
11 годишен ученик од Основното училиште Гоце Делчев во Прилеп,преку прозорец од трет кат паднал во училишниот двор, а потоа веднаш бил префрлен во прилепска болница, а од таму итно е хоспитализиран на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
– Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, изјави за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.
Детето се здобило со повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.