УХМР најавува крај на топлите денови.

„До четврток ќе се задржи стабилно време. Утре на повисоките места ќе биде сончево и релативно топло, а по котлините и речните долини претпладне ќе биде магливо и постудено. Во четврток во текот на денот ќе има појава на зголемена облачност, а од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање“, стои во соопштението на УХМР.